На каса ќе алармираат за изминат рок на производот

Bez autora
Dec 12 2013

Од 1 јануари 2014 година секој производ со изминат рок, каква било неправилност или грешка, ќе биде детектиран на каса, при неговото купување, и веднаш ќе биде повлечен. Ова го овозможува новата генерација бар-кодови - ГС1 чија цел е максимална заштита и безбедност на потрошувачите преку следливост во дистрибутивниот синџир, од производство до наплатното место во малопродажбата. Според Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на ГС1 Македонија, овие ГС1 ДатаБар кодови, освен рок на траење, содржат и други информации за производот, нето-тежина во килограми изразена со три децимални места, како и број на серија. Од нивното воведување бенефит ќе имаат сите, производителите, трговците, дистрибутерите и купувачите. Имплементирањето на ГС1 ДатаБар воедно ќе значи многу поголема конкурентност на домашните компании и нивен сигурен настап на странските пазари.

На каса ќе алармираат за изминат рок на производотОд 1 јануари 2014 година секој производ со изминат рок, каква било неправилност или грешка, ќе биде детектиран на каса, при неговото купување, и веднаш ќе биде повлечен.

Ова го овозможува новата генерација бар-кодови - ГС1 чија цел е максимална заштита и безбедност на потрошувачите преку следливост во дистрибутивниот синџир, од производство до наплатното место во малопродажбата.

Според Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на ГС1 Македонија, овие ГС1 ДатаБар кодови, освен рок на траење, содржат и други информации за производот, нето-тежина во килограми изразена со три децимални места, како и број на серија. Од нивното воведување бенефит ќе имаат сите, производителите, трговците, дистрибутерите и купувачите. Имплементирањето на ГС1 ДатаБар воедно ќе значи многу поголема конкурентност на домашните компании и нивен сигурен настап на странските пазари.

- Новата генерација бар-кодови на потрошувачот му овозможуваат да знае што купува, да биде сигурен дека пред него има квалитетен производ, а тоа ќе може да го види на каса, кога ќе плаќа, рече Милутиновиќ, на презентација на пилот-проектот за кодовите во Стопанската комора на Македонија.

Според неа, воведувањето ГС1 ќе биде минимален трошок за фирмите, особено за оние што се веќе модернизирани, што имаат најсовремена технологија, читачи, ваги.
Според Абдулезел Догани, заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, овој проект ќе донесе придобивки и за бизнис-секторот и за потрошувачите.

Една од алатките за зголемување на безбедноста на храната е следливоста од производството до потрошувачот. Податоците за производите коишто сега ќе бидат достапни на касите во маркетите ќе ја зголемат контролата и безбедноста на потрошувачите, потенцираше Догани.

Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија истакна дека македонските компании во изминатите неколку години инвестираа во модернизација на процесот на производство и дистрибуција со купување на модерна технологија која го подобри квалитетот на производите.

- Бар-кодовите ги гледам како алатки или механизам со кој се автоматизираат процесите и се добива поголема брзина и точност и компаниите кои во овој пилот- проект направиле еден чекор пред другите, истакна Азески.

Досега производите беа обележани со ЕАХ-13 бар-кодови, исто така од семејството ГС1, прв пат воведени пред 40 години за полесна контрола на залихата. Но, неможноста да се втиснат на помалите производи, прехранбени со променлива тежина, свежо овошје и зеленчук, козметика, накит,..., се наметна потребата од воведување нови, со повеќе податоци.

Во пилот-проектот учествуваат ИМБ Млекара-АД Битола, Идеал Шипка, Солета и Промес кои ги означија своите производи со новата генерација на бар-кодови и синџирот маркети Веропулос, како и софтверските куќи Ултра и Сигма.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik